Анѓушев ќе се сретне со транспортерите на „Фени“

Од:

Транспортерите на „Фени“ вечерва ќе имаат средба со вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, на која ќе бараат заедничко решение за да продолжи набавката на руда за комбинатот кој се подготвува за рестартирање. Средбата е најавена по денешниот втор ден блокади на патот Градско-Прилеп, каде што транспортерите ги паркираат камионите во знак на револт од тоа што не им се исплатени долговите во висина од 4 милиони евра што им ги должи фирмата „Нова логистик“, на која, пак, ѝ должи „Фени“.

По вчерашната блокада, вицепремиерот Анѓушев изјави дека транспортерите и закупецот на комбинатот, швајцарската компанија „Џи Сол“, ќе успеат да најдат заедничко решение за да продолжи работата во фабриката. Тој смета дека има добар предлог за транспортерите и дека и тие како и вработените ќе бидат обесштетени, но Владата не може да ги води преговорите, туку „Џи Сол“ како инвеститор и транспортерите како засегната страна .

Од швајцарската компанија закупец на „Фени“ велат дека им предложиле на транспортерите авансно да им плаќаат за услугите сè додека фабриката не добие сопственик, а во велешкиот суд тече стечајната постапка преку која се бара сопственик на фабриката кој ќе ја добие и обврската да ги врати сите долгови.

Банките доверители на „Фени“ и стечајниот управник имаат рок до втората половина на март да подготват планови за реорганизација на комбинатот.

(М. И. П.)

Би можело да ве интересира

Кочо Анѓушев ќе го продава велешки Борец на берза за 25.000 евра

Жарко Настоски

Анѓушев: Работам согласно Уставот и законите

Ана Ололовска

Антикорупциска: Нема одговорност кај Анѓушев за хидроцентралата „Тополки“

Мери Јордановска

Анѓушев: Презедов обврска еден мандат да помогнам колку што можам

Ана Ололовска

Шекеринска и Анѓушев со најмногу вработени во кабинетите, кај Спасовски најскапо платени

Галена Николовска-Ризвановиќ

ВИДЕО: Заев и Анѓушев во обиколка на системот за водоснабдување на Гевгелија

Ана Ололовска