Дестинации кои вреди да се посетат заради храната

Од:

Кулинарскиот туризам зазема се поголем замав меѓу туристите ширум светот. За секого може да најде по нешто, од лекција готвење во Тоскана до уличните тезги на Истанбул.

Следните седум дестинации вреди да се посетат во 2013 година, токму заради храната:

Сан Себастијан е мал град во Шпанија, во регионот на Баскија, и е еден од врвните дестинации за сите гурмани. Храната во градот главно е експериментална, но со древни корени. Сан Себастијан е преполн со готвачки друштва, прекрасни пазари и школо за готвење. Два пати дневно на улиците на овој град се собираат илјадници луѓе кои се движат од ресторан до ресторан, а во нив се јадат различни специјалитети. Рестораните „Азрак“ и „Мугаритц“ се наоѓаат меѓу 10-те најдобри светски ресторани.

Грузија е една од најфасцинантните кулинарски дестинациии на светот. Во оваа земја се преклопуваат вкусовите од Среден исток и источна Европа. Во Тбилиси, главниот град на Грузија, сите посетители можат да уживаат во Khachapuri, тенко пециво полнето со топено сирење. Грузија е позната и по своите вина. Според историските книги, во Грузија се забележани најраните обиди за производство на вино.

Осака е третиот најголем град во Јапонија, Градот често пати се неракува кулинарска престолнина на оваа азиска земја. Осака е позната по својата „kyidaore“ филозофија, што буквално значи „јади колку што можеш“. Покрај суши, најпознати и најомилени јадења во градот се оризовите топчиња со месо од хоботница и okonomiyaki, палачинки полнети со различни состојки.

Перуанската кулинарска култура станува се попозната во светот. ресторанот „Астрид Ѕ Гастон“ во Лима, главниот град на оваа јужноамериканска земја, минатата година влезе на листата на 50 најдобри ресторани во светот. Во Лима перуанското готвачко умеење се покрева на едно ново ниво. Во градот е многу развиена и мрежата на улични продавачи на традиционални јадења.

Киев, главниот град на Украина, благодарение на водката и кавијарот е некој вид Див запад за сите гурмани. Дури и во најмалите ресторани во овој град секојдневно се нудат десетици различни национални јадења. Најпознатото јадење во Киев е varanyky, вид кнедла која се вари или пржи во масло и која се сервира со павлака.

Во Палермо, на Сицилија, целата културна историја се огледува во кујната и со кулинарските специјалитети Сицилијанската кујна е под големо влијание на италијанската, грчката и северноафриканската кујна. На улиците можат да се најдат тезги со различни традиционални јадења. Во сите ресторани можат да се најдат свежи морски плодови.

Антигва, во Гватемала, е прогласена за светско наследство на листата на УНЕСКО. Културата на Маите се наоѓа во срцето на кулинарските специјалитети од овој град. На секој агол можат да се најдат улични продавачи, кај кои може да се купи буквално се: од овошје премачкано со чили, па се до лута пилешка супа.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ