„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Од:

Куба смета на Русите да помогнат во зајакнувањето на туристичкиот сектор на оваа карипска земја во 2024 година.

Ова го изјави кубанскиот амбасадор во Русија, Хулио Антонио Гармендија.

„Околу 185.000 туристи од Русија отпатуваа за Куба во 2023 година, а се надеваме дека бројот ќе се зголеми на 250.000 луѓе оваа година“, изјави тој за руската агенција Интерфакс во Москва.

Изјавата на амбасадорот дојде откако бројот на посетители во 2023 година не ги исполни целите на Куба, објави Ројтерс.

Тоа би претставувало скок од 35 отсто на туристи од Русија во 2024 година, што е исклучително пожелно за закрепнување на клучната кубанска индустрија која се обидува да заживее по пандемијата.

Од друга страна, заострувањето на американските санкции во времето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп го отежнува и патувањето на американските граѓани на островот.

Кубанските власти соопштија дека 2,4 милиони туристи пристигнале на карипскиот остров во 2023 година, што е околу 1,1 милион посетители помалку од 3,5 милиони колку се планирани во буџетот.

Според националната статистичка агенција ONEI, најмногу туристи во 2023 година на Куба дошле од Канада (936.436 посетители), Русија (184.819), САД (159.032), Шпанија (89.285) и Германија (69.475), додека Кубанците кои живеат во други земји биле 358.481.

Би можело да ве интересира

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ