Абас: Трамп не може да го купи достоинството на палестинската нација

Од:

Палестинскиот лидер, Махмуд Абас, му одговори на американскиот претседател, Доналд Трамп, оценувајќи дека ако Ерусалим повеќе не е на дневен ред во преговорите, тогаш нема ни стол за САД на преговарачката маса.

Трамп денеска на средбата со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанхају, во Давос рече дека САД го симнале Ерусалим од дневниот ред алудирајќи на неговата одлука да го признае за главен град на Израел.

„Ерусалим не е тргнат од преговарачката маса. Тие што мислат така, мислат и дека мирот е тргнат од маса. Светиот град е во срцето на секој Палестинец, Арап, христијанин и муслиман и нема да има мир без источен Ерусалим како суверен главен град на државата Палестина“, рекол некогашниот главен преговарач со Израел, Саеб Ерекат.

Тој пренел порака од Абас дека Трамп може со своите пари да купи многу работи, но не и достоинството на палестинската нација.

Портпаролот на палестинскиот лидер Махмуд Абас, Набил абу Рудејна, изјави дека Палестинците нема да се вратат на мировните преговори сè додека САД не ја променат својатa одлука за признавање на Ерусалим за главен град на Израел.

Трамп денеска се закани дека Палестинците нема да добиваат финансиска помош додека не се вратат на преговори со Израел.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд на Израел нареди регрутирање на ортодоксните Евреи во војска

ВИДЕО: „Светот не смее да дозволи Либан да стане нова Газа“

(ВИДЕО) Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Ново Мексико

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски

Во Лос Анџелес е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар

(ВИДЕО) Избегната трагедија во забавниот парк Оукс: Се расипа „нишалото“, посетители висеа на 30 метри висина