(ВИДЕО) Избегната трагедија во забавниот парк Оукс: Се расипа „нишалото“, посетители висеа на 30 метри висина

Од:

Пожарникарите успеале да спасат 28 лица кои биле заглавени на височина од 30 метри, висејќи наопаку, за време на возењето во забавниот парк Оукс во Орегон, САД. Едно лице е превентивно пренесено во болница, но нема повредени, се вели во соопштението од паркот. Инцидентот во забавен парк можеше да има трагични последици. За среќа, брзата реакција на вработените во паркот и пожарникарите спречија сериозни повреди.

Според очевидци, се се случило ненадејно. Прво слушнале татнеж, а потоа и соопштение од огласувачкиот систем внатре во забавниот парк.

Вработените во паркот веднаш повикале 911 откако возењето запрело. Брзата помош пристигнала околу 25 минути подоцна. Работниците за одржување можеа да го вратат возењето на позиција за евакуација неколку минути подоцна.

„Нишалото“, кое работи од 2021 година и досега нема пријавено инциденти, ќе остане затворено до понатамошно известување, соопштија од паркот.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа