Вајарот Светомир Радовиќ кој ја изработи восочната фигура на Новак Ѓоковиќ во музејот во Јагодина се подготвува за поправен испит. Тој признава дека со право му се смеела цела Србија и вината ја гледа кај себе што прифатил на брзина да ја направи неговата фигура.