На предлог на Министерство за транспорт и врски Владата донесе одлука за изменување на Уредбата за висината на цената на градежното земјиште сопственост на Република Македонија и висината на посебните трошоци за спроведување на постапките за отуѓување и давање под закуп.
Со предложените измени се врши намалување на висината на цената по кои се отуѓува градежното земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба за А3 – групно домување за реон 5 и реон 6, и таа ќе изнесува 70,00 денари, за разлика од досегашните цени, кои за овие реони изнесуваа од 1.600,00 до 400 денари за населено и воннаселено место, во различни општини.