А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Утврдени трошоците за отуѓување на државното градежно земјиште

by А1он30/10/2018 - 18:41280
Share0

Десет отсто од вредноста на банкарската гаранција за сериозност на понудата, но не повеќе од 15.000 денари ќе изнесува висината на трошоците за отуѓување, давање под закуп и засновање право на стварна службеност на градежното земјиште сопственост на Република Македонија, предвидува новата уредба што ја усвои Владата на денешната седница.

Следете a1on на Instagram Instagram

Владата го донесе новиот текст на Уредбата по предлог на Министерството за транспорт и врски.

На седницата помина и Информацијата за потребата од фазно финансирање и реализирање на изградбата и инсталацијата на електронскиот систем за наплата на патарини во Република Македонија.

Владата ја усвои и Информацијата за Акцискиот план за Регионалната економска област и за формирање координативно тело за градење и спроведување на Регионалната економска област во Западен Балкан.

Следете a1on на Youtube YouTube

Како дел од реформите во јавната администрација, не денешната седница Владата го прифати најновиот Акцискиот план за реорганизација/оптимизација на органите на државната управа, со цел воспоставување развиена кохерентна институционална поставеност на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби од централната власт и го задолжи Министерството за информатичко општество и администрација во рок од еден месец по усвојувањето на Информацијата да формира меѓуресорска работна група која ќе го координира процесот на реализација на Акцискиот план и на секои три месеци да ја информира Владата за прогресот на активностите.

gradezno zemjistevlada

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Горан Наумовски27/10/2026 - 16:17

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

Горан Наумовски18/10/2026 - 11:25

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски17/10/2026 - 09:0917/10/2026 - 09:10

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Горан Наумовски12/10/2026 - 10:30

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

Горан Наумовски12/10/2026 - 09:27

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео