Петиција за итна измена на законот за да не се повтори раскрчмување државно земјиште како за 60-катниците спроти ГТЦ

Од:

Граѓанската иницијатива „Екокарпош 3,2,1“ прави петиција за итна измена на Законот за градежното земјиште за да се спречи продажба на државно земјиште како она спроти ГТЦ. Сопственикот, кој од приватни лица откупи 4.605 квадратни метри, доби право да ги откупи од државата и преостанатите 9.048 квадрати и спротивно на интересите на скопјани најави изградба на згради.

Законот за градежното земјиште дозволува сопственикот на 30 отсто од градежната парцела да може да откупи државно земјиште за да ја дооформи.

Активистите бараат окрупнување или дооформување парцели да се дозволи само со сопственост на 80 отсто од парцелата наспроти сегашните 30.

„Бараме итно со скратена постапка да биде донесен нов член од Законот за градежното земјиште, со кој лицето што сака да ја дооформи парцелата ќе треба да има 80 отсто од градежната парцела за да може да го докупи остатокот што е во државна сопственост“, апелираат од „Екокарпош 3,2,1“.

Според актуелното законско решение, доколку лицето има 30 отсто од градежната парцела, државата може да му продаде земјиште со непосредна спогодба.

„Сведоци сме дека во време на мораториум во општина Центар се случи токму ова, окрупнување на градежната парцела спроти хотелот ‘Холидеј ин’ за изградба на висококатници, без притоа воопшто да се почитува законот за урбано зеленило и без да се внимава на условите за хумано живеење“, сметаат од „Екокарпош 3,2,1“.

Активистите бараат Владата и парламентот да почнат да работат во интерес на народот и да овозможат похумани услови за живеење за да може да се спаси она што е останато од животната средина. Нивното барање е во скратена постапка да се направи измена на членот 15 од Законот за градежното земјиште, во кој е предвидено дооформување градежна парцела со сопственост од 30 отсто.

Потписите за измена на законот се собираат онлајн на страницата change.org. Активистите велат дека кога ќе соберат 10.000 потписи, петицијата официјално ќе ја достават до Владата и до парламентот.

Би можело да ве интересира

23.000 евра за украсување на ГТЦ, најскапо новогодишно украсување досега од над 300 илјади евра

Мери Јордановска

ВИДЕО: Шилегов го отвори зелениот покрив на ГТЦ, нема против да има кафетерија

Габриела Димковиќ-Мишевска

Шилегов со одлука: Утре ќе се отстрани времениот објект на покривот на ГТЦ

На покривот над ГТЦ предвиден за зеленило, никнаа бетонски конструкции

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Шилегов: За демолирањето на зелениот покрив на ГТЦ ќе бараме притвор за сторителот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хулиган снимен како го уништува зелениот покрив на ГТЦ

Ана Ололовска