Вработените во ГТЦ протестираа: Бараат зголемување на платите за најмалку 1.600 денари

Од:

Членовите на Синдикатот и вработените во Градскиот трговски центар (ГТЦ) денеска одржаа мирен протест пред управната зграда, незадоволни што, како што велат, не е извршено усогласување на нивните плати со зголемената минимална плата.

Според Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), протестот бил организиран поради, како што наведуваат, игнорантскиот однос на работодавачот, кој не ги прифатил барањата за зголемување на платите и покрај иницијативата на Синдикатот, барањето потпишано од повеќе од 110 вработени и поддршката од Синдикатот на работниците од трговијата (СРТ).

Од ССМ посочуваат дека, иако минималната плата на национално ниво е зголемена, платите на вработените во ГТЦ останале непроменети, што, според нив, негативно се одразува врз животниот стандард и економската сигурност на работниците.

Вработените бараат нивните плати да бидат усогласени со зголемување од најмалку 1.600 денари. Според Синдикатот, раководството го одбива ова барање, иако најголем дел од вработените примаат минимална или плата блиска до минималната.

Од управата на ГТЦ засега нема јавно соопштение во врска со барањата на вработените.

Би можело да ве интересира

Македонија повторно меѓу најлошите земји за работничките права

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: За Мицкоски, протестот на Синдикатите е „вообичаена активност за 1 мај“

„За плата се бориме, не се молиме“, работниците на првомајки протест

Првомајски протест на Синдикатите, посебен режим во Скопје

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари