Му ја скрши главата со дигалка за автомобил поради кавга за паркинг место

Од:

Во Белград, во понеделникот вечерта дојде до сериозна физичка пресметка меѓу двајца мажи, а сè започна, според неофицијални информации, поради кавга за паркинг место.

Инцидентот се случи по вербална расправија што избувна меѓу двајца млади мажи. Расправијата набрзо прерасна во физичка пресметка, кога осомничениот наводно користејќи дигалка за автомобил како оружје, ја удираше жртвата во главата.

На повредениот веднаш му е укажана медицинска помош, а повредите му се санирани во Ургентниот центар.

Тежината на повредите сè уште не е позната.

Полицијата спроведе истрага на лице место.

Против осомничениот е поднесена кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за 20-годишник кој нападна дете од спротивната навивачка група пред „Јане Сандански“

Горан Наумовски

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сакаше да излезе од паркинг, па удри во шест автомобили

А1он

Тепачка за лежалка на плажа во Грција – почина 82 годишник

А1он

(ВИДЕО) Тепачка во авион, патниците мораа насилникот да го врзат со селотејп

Нападната мајка и нејзините три ќерки: Жена се обиде да ги повреди со нож