(ВИДЕО) Тепачка во авион, патниците мораа насилникот да го врзат со селотејп

Од:

Неверојатна сцена се случила во авион на „Американ ерлајнс“ на летот од Далас-Форт Ворт кон Њуарк, откако еден патник наводно станал агресивен, упатувал расистички и хомофобични навреди и физички нападнал друг патник. Поради инцидентот, авионот бил пренасочен и принудно слетал на меѓународниот аеродром „Тургуд Маршал“ Балтимор-Вашингтон во Мериленд. Според сведочења објавени во американските медиуми, драмата започнала околу два часа по полетувањето. Патникот, за кого сведоци рекле дека изгледал како да бил под дејство на алкохол, почнал да се расправа и да се однесува агресивно.

Кога член на кабинскиот персонал се обидел да интервенира и да ја смири ситуацијата, мажот наводно упатил расистички навреди кон стјуардот, а потоа продолжил со хомофобични навреди.

Ситуацијата дополнително ескалирала кога патникот физички нападнал човек што седел во негова близина и му го оштетил компјутерот. Кога друга патничка се обидела да интервенира, тој наводно ја турнал.

Тогаш неколку патници, заедно со екипажот, го совладале агресивниот маж. За да го задржат на седиштето, биле употребени селотејп и пластични врвки, со кои му биле врзани рацете и телото, а бил прицврстен и за седиштето.

Фотографиите и видеоснимките од авионот покажуваат како патникот е целосно имобилизиран додека околу него стојат други патници и членови на екипажот.

По слетувањето во Мериленд, авионот го пречекале полициски службеници, кои го извеле патникот и го ставиле во притвор. Летот потоа продолжил кон Њуарк.

Од „Американ ерлајнс“ потврдиле дека авионот бил пренасочен поради „вознемирувачки патник“, нагласувајќи дека безбедноста на патниците и екипажот е нивен највисок приоритет и дека не толерираат насилство.

ФБИ соопшти дека мажот е во притвор поради обвиненија на државно ниво, додека федералните агенти ги утврдуваат сите околности на инцидентот и ќе проценат дали ќе бидат поднесени и федерални обвиненија.

Би можело да ве интересира

Хамнеи: Промените во американската администрација нема да го променат односот на Вашингтон кон Иран

Дете почина од морбили во Њујорк, прв смртен случај од болеста во последните 30 години

Дојава за поставена бомба во авион кој леташе кон Варшава, леталото вонредно слета, аеродромот е затворен

(ВИДЕО) САД извршија ограничени напади врз иранскиот остров Кешм

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран

Обвинителството бара притвор за 20-годишник кој нападна дете од спротивната навивачка група пред „Јане Сандански“

Горан Наумовски