Тепачка за лежалка на плажа во Грција – почина 82 годишник

Од:

Tрагедија се случи рано утрово на плажа во Грција, каде 82-годишник почина од срцев застој по конфликтот за лежалка.

Како што објави „Прототема“, сè се случи нешто по 9 часот наутро, кога 82-годишникот пристигна на плажата со сопругата, по што двајцата се сместија на лежалки.

Нешто подоцна на истото место пристигна друг пар – 76-годишник и 21-годишна жена.

Избувна расправија, по што на жената која беше во друштво на 76-годишникот ѝ се слоши и беше пренесена во амбулантата на плажата.

Меѓутоа, 76-годишникот се врати, ситуацијата ескалираше и тој физички се пресмета со 82-годишникот.

За време на тепачката, 82-годишниот маж доживеа срцев застој и исто така беше пренесен во амбулантата, каде што спасувачите му укажаа прва помош.

Откако не успеаја да го реанимираат, иако четирипати изведуваа кардиопулмонална реанимација и користеле дефибрилатор, мажот го презема екипа на Итната медицинска помош и го пренесе во болницата „Асклипио“ во Вула, каде што еден час подоцна тој почина.

Поради инцидентот, 76-годишниот маж беше уапсен поради нанесување телесна повреда со смртна последица.

Дваесет и едногодишната жена која била со него е пуштена на слобода.

Би можело да ве интересира

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во Атина, повредени се најмалку четири лица

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он