Џафери на откривање на споменик на Мајка Тереза во Хрватска: Мајка Тереза е симбол на безгранична хуманост, љубов и грижа

Од:

Денеска во Пореч, Хрватска беше откриен споменик на Мајка Тереза, а на отварањето се обрати претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери кој што кажа дека ликот и делото на Мајка Тереза се чувствува и чествува кај сите граѓани на Македонија.

Тој порача дека без разлика каде живееме и на која вера припаѓаме, за секој хуман човек, Мајка Тереза е симбол на безгранична хуманост, на љубов и грижа токму кон оние кон кои животот бил немилосрден.

– Нејзината хуманост, нејзината грижа за оние кои освен голиот живот немаат ништо друго, брзо се шири, не само во Калкута Индија, туку низ целиот свет. Токму затоа, во 1979 година ја добива Нобеловата награда за мир, а во 1980 година е прогласена за почесен граѓанин на Скопје, посочил претседателот на македонското Собрание во говорот на настанот на кој присуствувале голем број високи гости од регионот.

Би можело да ве интересира

Пешаци претрчуваа на автопат во Хрватска – двајца се мртви, а двајца тешко повредени

А1он

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Полицијата истражува симпатизери на ЗДС и десничарската ХДЗ поради фашистичките поздрави

Хрватска ја победи Словенија и се приближи до полуфиналето на Европското првенство

Возач на камион од Хрватска загина во Италија – го згмечи товар пченка

А1он

Снег паѓа во Хрватска

А1он