Без правилник за репрезентација директорот и заменикот во АВРМ си делеле пари за ручеци и патувања

Од:

Управниот одбор на Агенцијата за вработување во 2013 донел две одлуки со кои определува право на трошоци за репрезентација за директорот и поранешниот-заменик-директор за сума од 320 илјади денари, но не донел одлука за оваа намена за актуелниот заменик-директор. Ревизорите од увидот во деловодните книги утврдиле дека се исплатени 793 илјади денари повеќе од износот определен со одлуките, објави „Макфакс“.

Утврдено е исто така дека во Агенцијата не постои правилник за репрезентација, кој треба да определи на кој начин функционерите би ги користеле средствата за таа намена. На 23 јуни Управниот одбор на Агенцијата за вработување донел одлука со која директорот ќе добива по 500 илјади денари годишно за трошоци за репрезентација, а неговиот заменик по 150 илјади денари годишно. Од Агенцијата за вработување во одговорот до ревизорите наведуваат дека во тек е и усвојување правилник за начинот на кој во иднина ќе се делат пари за репрезентации. Одговорноста за наодите на ревизијата е за време на мандатот на поранешниот директор, Влатко Поповски. Државната ревизија во дел од забелешките утврди и дека на дел од членовите на Управниот одбор на АВМР, им е истечен мандатот.

В. М.

Би можело да ве интересира

Најмногу огласи за работни места има за хигиеничари, програмери, келнери, обезбедувачи, ѕидарски работници

Кристијан Ландов

Агенција за вработување: Се појавил обид за измама со програмата за самовработување

Жарко Настоски

Редовните пријавувања на невработените се одложуваат до истек на мерките за заштита од коронавирусот

Ландов

Кривична пријава за поранешниот директор на АВРМ

Ана Ололовска

АВРМ нема информации за мерките за вработување и каде се трошат средствата, тврдат две НВО-а

Наум Локоски

Државна поддршка за граѓанските организации за нови работни места и развој на социјални услуги

Ана Ололовска