Хашкиот трибунал го одби барањето за одложување на изрекување на пресудата за Ратко Младиќ кое што е закажано на 22 ноември.
Адвокатите на Младиќ барале одложување на пресудата за тој да биде испитуван од српски лекари, поради неговото нарушено здравје.
Судиите навеле дека извештаите на независните медицински експерти и персоналот во единицата за притвор на Трибуналот покажале дека здравјето на Младиќ е стабилно.