ВМРО Народна и НСДП со поддршка на кандидатот за градоначалник на Кавадарци од СДСМ

Од:

Општинските организации на ВМРО Народна и НСДП од Кавадарци и во вториот круг му даваат поддршка на кандидатот за градоначалник на Кавадарци од СДСМ и коалицијата, Бетиане Китев. За ова денеска на прес-конференции информираа претседателите Глигор Шемов и Владимир Клинчаров.

– ОК на ВМРО НП и во изминатиот период во изборната кампања даде своја максимална поддршка на кандидатот за градоначалник Бетиане Китев од коалицијата која ја предводи СДСМ Кавадарци, рече Шемов.

И Клинчаров ги повика членовите на НСДП и кавадарчани да гласаат за Китев.

– Знаете дека мнозинството во Советот го имаме, ни остана уште изборот на градоначалник, јас сум сигурен дека на 29-ти ќе му подадеме рака на идниот градоначалник Китев, додаде Клинчаров.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието