(Видео) Заев: Има незгодна состојба со еден од коалиционите партнери, но тоа е нивно право, тие одговараат пред гласачите

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вечерва во Тетово се сретна со претседателот на ДУИ, Али Ахмети по што изјави дека е горд што првиот круг од локалните избори бил чист, бидејќи само преку слободни, фер и демократски избори сите победуваме.

– Денеска сме овде во поддршка на актуелната градоначалничка на Тетово и иден градоначалник на Тетово Теута Арифи, заедно како коалициони партнери, кои што уште пред првиот изборен круг ја објавивме нашата коалиција за локалните избори. Си даваме меѓусебна поддршка и веруваме во иднината на Македонија. Ова што го правиме како политички партии е вредно за почит, ние се гордееме како лидери на политичките партии, заради тоа што веројатно од осамостојувањето на Македонија, прв пат се случува уште пред изборите да се склучат коалиции на многу транспарентен начин, на многу важен начин за граѓаните, пред сите чесно, отворено, транспарентно ја побаравме поддршката, рече Заев.

Тој побара поддршка за Теута Арифи, бидејќи, како што кажа, таа била една од ретките жени градоначалници и дека верува дека Тетово под раководство на Арифи и со поддршка од централанта Влада ќе има одлични перспективи.

Ахмети порача дека постојано работеле и се ангажирале за демократските процеси и затоа, додаде, посакуваат истите стандарди да се применат и на 29 октомври затоа што тоа е многу значајно за нашата заедничка иднина.

– Заеднички анализиравме и меѓусебе се информиравме околу почитувањето на предизборниот договор. Споделивме мислења дека договорот функционираше добро на сите нивоа. Разговаравме и за важни теми што не очекуваат по изборите затоа што кампањата е толку динамична што ние двајца се среќаваме првпат откако го постигнавме договорот пред изборите, изјави Ахмети и посочи дека целиот договор бил спроведен од органите на двете партии и нивните изборни штабови.

На новинарско прашање дали Заев и Ахмети ги коментирале односите во владината коалиција, Заев рече дека разговарале за тоа како да се погрижат за изборите да бидат регуларни, фер, демократски и слободни, а не навлегле во коалициите, иако постоела незгодна состојба со еден од коалиционите партнери.

– Тоа е негово право, локални избори се. Локалните избори се различни од парламентарните избори, и оставаме секој на својата одговорност. Нашата коалиција, како што реков, ја објавивме уште пред изборите. Во првиот изборен круг гледате дека оставивме во Струга, во Гостивар граѓаните да го кажат својот правец. Еве ги кандидатите во вториот изборен круг. Господиот Зијадин Села одлучи да влезе во коалиција со Беса, го гледам некаде и со ВМРО-ДПМНЕ, тоа е негово право. Секако, тој си носи одговорност и пред своите гласачи. Ние тоа што го направивме е уште пред самата кампања, стоиме на тоа транспарентно, отворено, затоа што веруваме во заедничката иднина, пред се, за сите граѓани на Република Македонија, а секако веруваме и во она што ја чека Република Македонија. Време на сериозни одлуки, време на сплотеност, време на единство и време на работење во интерес на сите граѓани, рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби да се реконструира улицата „Ленинова“ во Скопје

СДСМ: Апсурд од премиер, Мицкоски кој врши партизација ветува деполитизација

Влен: Албанските граѓани очекуваат ДУИ да одговори, не со алиби, туку со факти

Горан Наумовски

ВРЕДИ: Ахмети да не се крие во Швајцарија, да дојде да каже за планот за враќање на Груевски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски