Заев: Победа во Штип и крај на поделбите и политиканството

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев од вечерашниот митинг во Штип порача дека на општината и се потребни промени, кои ќе се направат со пенкало в рака и со масовно излегување на гласачките места на 29 октомври, давајќи му поддршка на кандидатот за градоначалник на СДСМ, Благој Бочварски.

– Убеден сум во победата во Штип заради тоа што тоа го знае и Захариев, дека советот го добивме. Еве го виорот на ветрот се шири по Македонија и тие што беа уплашени и тие што беа поткупени и тие што беа уценети знаат дека промените се случуваат во Штип, порача Заев.

Тој истакна дека кандидатот за градоначалник Благој Бочварски, мнозинството во советот на општина Штип, министрите во Владата и 23 коалициски партнери испраќаат недвосмислена порака дека новата страница за Штип и за Македонија значи крај на поделбите и на политикантство.

– Доста не делеа на сдсмовци и вмровци, сите сме граѓани. Од овие поделби не ни ја чини Македонија. Затоа подавајте рака секому. Помогнете на тие што сакаат да ни пристапат. Кажете им дека за нас сите граѓани ќе бидат еднакви, рече Заев.

Според него, на Штип му е потребен градоначалник со енергија и млад дух.

Заев на митингот во Штип повтори дека по победата на 29 октомври Штип ќе ја добие стопроцентната поддршка за негов развој. Тој истакна дека ќе се одржи и ќе се гарантира автономијата на Универзитетот „Гоце Делчев“, ќе расте стандардот на студентите и ќе се инвестира во нови студенски домови.

– Во соработка со општината ќе работиме за развој и инфраструктурно поврзување на Штип. До септември 2018 година ќе го завршиме автопатот Штип-Миладиновци. Штип ќе се поврзе со Кочани преку изградба на експресниот пат во должина од 28 километри и продолжуваме се понатаму до сите градови. Штип ќе се поврзе и со Радовиш, ќе изградиме експресен пат Штип-Радовиш со што Штип-Миладиновци ќе се поврзе и со мојата Струмица, вели Заев.

Смета дека гласот даден за Илчо Захариев е изгубен глас, а верува дека тој, Бочварски и сите граѓани на Штип на 29 октомври ќе слават победа со што во минатото ќе се испратат Захариев и неговиот лидер Груевски, со што како што рече, завршува времето на криминалот, корупцијата, стравот, заканите и уцените.

– Со неговиот грд национализам го извалка и градот Штип, зборувајќи националистички. Вели на 27 април родољуби влегле во Собранието. Родољубие ли да убиваш пратеници? Јас од 27 април научив една убава мисла која што е кажана насекаде, а тоа е успешен човек е оној, кој ќе успее да изгради темел од камењата со коишто маваат по него. Така ја градиме Македонија. Излеговме како феникс и јас и Благојче Бочварски и другите пратеници и ја градиме Македонија уште повеќе мотивирани, уште повеќе охрабрени, подвлече Заев.

Бочварски порача дека откако во првиот круг на локалните избори СДСМ го доби мнозинството во советот на општина Штип, на 29 октомври ќе го добие и новиот градоначалник.

На граѓаните на Штип им порача дека простор за страв нема и дека заврши времето на заканите и уцените. Тој повтори дека Штип со новата локална власт ќе биде убав модерен град во кој ќе се гради плански и согласно урбанистичките планови.

– Штип ќе биде гасифициран, ќе добие затворен градски базен, модерен аква парк, водовод и канализација во сите населени места каде што нема, квалитетно изградени и асфалтирани улици, нов дом за стари лица, а исто така ќе им се помогне и на родителите на деца со посебни потреби, најави Бочварски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје