Александра Чичкова од Белорусија е избрана на светскиот натпревар за Мис во инвалидска количка, прва таква манифестација што се одржа во Варшава.
Чичкова има 23 години и студира психологија.
На гала манифестацијата учествуваа 24 млади жени од 19 држави.
– Целта на манифестацијата е да се смени сликата за жените во инвалидски колички, изјави Катарзина Гиналска, една од организаторите и претседател на жирито.