„Во истиот ден кога Спасовски ветуваше дека полицијата нема да се меша во изборите, а министерот за продавање магла Роберт Попоски изјавуваше дека ќе има подвоеност на партијата од државата се случија 4 големи престапи и злоупотреби од страна на СДС со што веднаш си го погазија зборот.
Прво, партиската полиција на Спасовски, истата онаа која незаконски го здржа и се иживуваше врз кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци, Митко Јанчев насилнички застана млади активисти на ВМРО-ДПМНЕ од Ново Село и ги приведе без никакво издржано оправдување.
Второ, беше поднесена неиздржана кривична пријава против градоначалникот Арсенчо Алексовски од Крива Паланка само поради тоа што организирал превоз до училиште за децата од семејства кои се со социјален ризик.
Трето, во исто време финансиската полција на СДС влезе во општината и приватната фирма на градоначалникот на Вевчани, Цветомир Угриновски.
Четврто, додека сеуште се фалеа како ќе го почитувале законот, уште недоречени го прекршија, Зоран Заев со целата своја прдружба и службени владини возила, манифестриајќи сила и самоволие, присуствуваше на мтиингот во Битола, спротивно на одредбите на законот за подвоеност на државата и партијата. Заев како што доликува на хунтата на СДС која ја има киднапирано државата си ги користи владините држани ресурси за приватни партиски цели. Цехот го плаќаат граѓаните.
Воедно во текот на вчерашниот ден беше искршен штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода, и беше фрлена бомба кашикара во дворот на активист на ВМРО-ДПМНЕ во Стајковци. Сеуште полицијата на СДС ги нема расчистено овие инциденти, а со оглед на методите кој се користат нема да не зачуди тие никогаш да не се откријат и овие случаи да бидат забошотени од партиската полиција на СДС.
Сето ова е израз на стравот и нервозата на СДС бидејќи се свесни дека ќе ги загубат изборите. Ваквата паника е карактеристика само на преплашени луѓе. Ниту политичките хајки, ниту монтираните кривични пријави, ниту бомбите кашикари и насилието на полицијата нема да ги спасат од изборниот пораз. Апелираме мирно да го прифатат поразот, а граѓаните ги уверуваме дека ќе има одговорност за секој нивен криминален акт.
ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потенцира дека во Република Македонија важат закони, и секој мора да работи согласно закон, а не врз основа на притисок и уцени.
Секој кој ќе се однесува надвор од со закон утврдена постапка мора да знае дека за тоа ќе сноси кривична одговорност.
Одговорност ќе има и мора да има, и за прекршителите на законите и за нивните мотиватори“, изјави Марио Цветковски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.