(ВИДЕО) Анѓушев во „Саса“: Владата подготвува мерки за подобрување на условите на рударите

Од:

Владата подготвува мерки за подобрување на условите и стандардот на работниците во рударството и мерки за поддршка на компаниите кои ќе можат да ги искористат македонските компании, но и странските инвеститори, како што е и рудникот „Саса“.

Ова го истакна вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој денеска го посети рудникот „Саса“ во Македонска Каменица при што оствари средба со раководството на рудникот.

– Денешнава посета е со цел да поразговараме со раководството на рудникот „Саса“ околу тековните активности, развојните планови и состојбите во рудникот, како еден од најголемите рударски капацитети, како и за актуелната состојба со сите рудници во Македонија. Рудниците се значаен извор на приходите во земјава, но посебно денеска разговаравме околу задоволувањето на европските стандарди и норми во практикувањето на рударството во „Саса“, но и останатите рудници, рече Анѓушев.

Тој информира дека раководството на рудникот „Саса“ ги презентирало развојните проекти, плановите за заштита на околината и за подобрување на работните услови на рударите.

– Владата подготвува низа активности и мерки за подобрување на состојбата на работниците во рударството и во таа смисла го информиравме раководството на „Саса“ што планираме во таа насока. Одговорот од нив е дека тие се спремни за соработка, спремни се да го подобрат животот и стандардот на рударите, но и да го продолжат истражувањето во околината на „Саса“, за да го продолжат животот на рудникот, рече Анѓушев, додавајќи дека раководството искажало подготвеност за соработка со Владата.

При посетата на рудникот вицепремиерот Анѓушев го информирал раководството на „Саса“ и за планираните економски мерки за поддршка на компаниите.

– Ние ги информиравме за мерките што ќе ги преземе Владата во иднина, кои наскоро ќе бидат објавени, а се однесуваат на поддршката на македонски компании за развој, програма која ќе можат да ја користат и странските инвеститори во бесцаринските зони. Таквите мерки ќе бидат интересни и за „Саса“, истакна Анѓушев.

Би можело да ве интересира

Кочо Анѓушев ќе го продава велешки Борец на берза за 25.000 евра

Жарко Настоски

Анѓушев: Работам согласно Уставот и законите

Ана Ололовска

Антикорупциска: Нема одговорност кај Анѓушев за хидроцентралата „Тополки“

Мери Јордановска

Анѓушев: Презедов обврска еден мандат да помогнам колку што можам

Ана Ололовска

Шекеринска и Анѓушев со најмногу вработени во кабинетите, кај Спасовски најскапо платени

Галена Николовска-Ризвановиќ

ВИДЕО: Заев и Анѓушев во обиколка на системот за водоснабдување на Гевгелија

Ана Ололовска