Натпреварот на македонските екипи во СЕХА лигата што се игра попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе го означи и крајот на првото коло. Воедно ова е дербито на оваа рунда во која актуелниот првак на ова натпреварување Вардар гостува кај незгодниот градски ривал Металург.
Двете екипи посакуваат триумф на стартот, особено Металург, кој успеа да го победи Вардар на последниот меѓусебен дуел на кој оваа екипа беше домаќин во рамките на ланското првенство на Македонија.
„Вардарци“ поскуваат со триумф да ја почнат одбраната на титулата во оваа лига.
Почетокот на дуелот е во 17:45 часот.
На другите натпревари од ова коло беа постигнати следниве резултати: Загреб – Нексе 27:19, Горење – Цеље 22:25, Војводина – Динамо Панчево 24:29 и Татран Прешов – Мешков Брест 24:23.