На 26. септември се очекува гласање за прием на Косово во Интерпол

Од:

На 26. септември косовскиот премиер во заминување Иса Мустафа ќе учествува на Собранието на Интерпол што ќе се одржи во Пекинг.

На дневен ред на состанокот во главниот град на Кина се очекува да биде и гласањето за членство на Косово во меѓународната полициска оганизација, објави косовската државна телевизија РТК2.

– Членството не зависи од нас, зависи од останатите членки на Интерпол. Во Извршниот комитет на Интерпол се и земји членки кои не го признале Косово, изјави Мустафа на седница на косовската Влада.

Косовскиот премиер смета дека треба да се биде оптимист за влез на Косово во Интерпол, каде за прием потребна е поддршка од две третини од вкупниот број членки.

Паралелно со лобирањето на Косово за членство во Интерпол, српската дипломатија врши притисок земјите членки на собранието да гласаат против негов прием во организацијата.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина