Си: Соработката меѓу Кина и САД придонесува за стабилност

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека посилни односи меѓу Кина и САД се добри за стабилноста во светот, додека американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Кина да изврши економски притисок врз Северна Кореја.

Си на состанокот со Трамп заклучи дека во „денешниот, комплициран свет, силните односи меѓу Кина и САД придонесуваат за стабилност“.

Иако Трамп во минатото беше многу нестрплив околу прашањето за Северна Кореја, сепак на самитот на Г-20 во Хамбург изнесе поинакво мислење.

– Ви благодарам на работите кои ги направивте во врска со проблемот кој ни се заканува на сите од страна на Северна Кореја, околу кој мора нешто да се преземе. Можеби ќе трае подолго отколку што мене ми се допаѓа, можеби ќе трае подолго отколку што вам ви се допаѓа, но на крајот ќе има успех на еден или друг начин, нагласи Трамп.

Би можело да ве интересира

НАТО и се закани на Кина

Најмалку четири лица се исчезнати во поплавите во Кина

Адидас истражува случај на корупција во Кина, проценет на стотици милиони евра

A1on

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски

Во Лос Анџелес е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар

(ВИДЕО) Избегната трагедија во забавниот парк Оукс: Се расипа „нишалото“, посетители висеа на 30 метри висина