Охридското Езеро порибено со 25 илјади единки подмладок на ендемичната охридска пастрмка

Од:

Охридското Езеро денеска е порибено со 25 илјади единки на ендемичниот вид охридска пастрмка, како дел од обврските на концесионерот „Пастрмка 2012“, уредени со договорот со концесионерство на риболовното подрачје Охридско Езеро за рекреативен риболов.

Директорот на Хидробиолошкиот завод од Охрид Сузана Патчева појасни дека станува збор за порибување на Езерото со единки на возраст од десет месеци, осум и пол месеци прихранувани во инсталациите за одгледување во самата установа.

– Нивната просечна тежина е околу пет грама, со должина до осум сантиметри, рече таа додавајќи дека се работи за подмладок во одлична здравствена состојба, со можност за преживување до 95 проценти.

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов истакна дека концесионерот „Пастрмка 2012“ ги исполнува обврските од договорот за порибување на Езерото со подмладок на пастрмка, а оти ресорното Министерство преку инспекторатот вршат контрола на порибувањето односно надзор врз процесот, гарантирајќи го квалитетот на подмладокот што се испушта во Охридското Езеро.

Ристе Танасоски, сопственик на „Пастрмка 2012“ што стопанисува со рибниот фонд во Езерото, истакна дека моментално физичката заштита на Охридското Езеро ја спроведуваат 26 рибочувари од кои 12 вработени од нивна страна како концесионери, а останатите се времено ангажирани лица.

– Таква физичка заштита на Езерото досега немало. Веќе се набавени двогледи со ноќни визири, а во тек се активности за опремување на рибочуварската службата со видео и аудио опрема за надгледување, рече Танасоски.

Тој додаде дека во овие неколку месеци од кога тие стопанисуваат со Езерото досега се спроведени над 70 контроли на езерото, при што запленети повеќе од седум километри мрежи, а се поднесени и соодветни кривични и прекршочни пријави против рибокрадците.

– Наша основна обврска со концесионерството е заштита на рибата. Тврдењата на одредени субјекти дека се врши неконтролиран излов на белвицата, одговорно тврдам дека 300 килограми белвица не може да биде „геноцид“ како што не обвинуваат, рече Танасоски, нагласувајќи дека селективниот излов на риба од Езерото се врши со позитивно мислење на Хидробиолошкиот завод, со посебно одобрение од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, и под нивен строг надзор, независно дали се работи за експерти од Заводот или на надлежниот инспекторат.

Би можело да ве интересира

Приведени три лица во дебарско, затекнати при незаконит лов

А1он

Русија ќе и забрани риболов на Британија во Баренцовото Море

ЕУ и Велика Британија се договорија за квоти за улов во заедничките рибни фондови во 2022 година

А1он

Балканско првенство во риболов во Кавадарци

А1он

Проблемите во риболовот во последен момент го одложија договорот меѓу Лондон и ЕУ

Во Делчево одржан меморијалниот натпревар во спортски риболов „Сандански 2020″

Ана Ололовска