ЕУ и Велика Британија се договорија за квоти за улов во заедничките рибни фондови во 2022 година

Од:

ЕУ и Велика Британија се договорија како во наредната година ќе ги поделат рибните фондови со кои заеднички управуваат на одредени морски локации.

По два месеци тешки преговори, Лондон и Брисел денеска објавија дека постигнале договор за 2022 година за вкупниот дозволен улов од рибниот фонд што го делат во Атлантскиот Океан и Северното Море.

Според Договорот за трговија и соработка во периодот по Брегзит, ЕУ и Велика Британија мора да преговараат за вкупниот дозволен улов од тие фондови на годишно ниво.

Преговорите и постигнатиот договор не се поврзани со британско-францускиот спор околу издавање лиценци на француските рибари за риболов во британски води.

Би можело да ве интересира

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он