Двајца од фаворитите за триумф на машкиот турнир на Вимблдон оваа година Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер без многу напори се пласираа во второто коло откако нивите противници во мечевите од првото коло во вториот сет ги предадоа мечевите.
Два меча се играа на Централниот терен, а најпрвин Мартин Клизан од Словачка поради повреда го предаде мечот против Ѓоковиќ при резултат 6:3 и 2:0 за Ѓоковиќ.
Александар Долгополов му го предаде мечот на Федерер исто поради повреда, а одиграа еден гем повеќе – 6:3 и 3:0 во гемови за Федерер.
Првото коло кај мажите од фаворитите го минаа Хуан Мартин Дел Потро и Милош Раониќ, додека во женска конкуренција проблеми немаа првата носителка Анжелик Кербер, Агнешка Радванска и Каролина Плишкова.