Таткото на Федерер: Новак ни предизвика поголема болка од Рафа

Од:

Роберт Федерер, таткото на Роџер, по завршувањето на кариерата на неговиот син, проговори за најтешките порази што ги доживеал Швајцарецот на Грен слем турнирите.

Посебно го апострофираше поразот во финалето на Вимблдон во 2019 година кога Федерер пропушти две меч топки против Новак Ѓоковиќ. Во тој момент Федерер имаше 20, Надал 18, а Новак 15 големи титули.

После тоа, Швајцарецот веќе не беше во ситуација да се бори за трофеј на Грен слем турнирите.

„Новак ни нанесе поголема болка од Рафа. Тој Лондон во 2019 година, кога Роџер имаше две меч топки на сервис, е особено за паметење. Сите ја видовме таа титула во неговите раце“, изјави Федерер сениор.

Роберт Федерер смета дека трите најтешки порази на Грен слем турнирите, Роџер ги доживеал од Ѓоковиќ. И во тие мечеви Роџер не реализираше меч топки.

„Тешки моменти беа полуфиналните мечеви на Ју-ес опен во 2010 и 2011 година против Новак. И тогаш пропушти две можност да ја заврши работата“, изјави Роберт Федерер.

Роџер ја заврши кариерата со 20 Грен слем титули. Надал моментално има 22, а Ѓоковиќ 21.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Мастерсот во Монте Карло го потврди учеството на Ѓоковиќ

Американската национална безбедност го одби барањето на Ѓоковиќ да влезе во земјата, сега се е во рацете на Џо Бајден

Новак го победи Хуркач и се пласира во полуфиналето во Дубаи

Предраг Петровиќ

Новак конечно слета во Австралија по речиси една година

А1он

„Врската“ меѓу Федерер и Новак влезе во нова фаза: По 12 години, Роџер го заследи Ѓоковиќ на социјалните мрежи

А1он

(ВИДЕО) Големиот Федерер се збогуваше: Емотивно, но во голем стил замина од тенисот

Катерина Павлова-Николовска