„Врската“ меѓу Федерер и Новак влезе во нова фаза: По 12 години, Роџер го заследи Ѓоковиќ на социјалните мрежи

Од:

Последниот Лејвер куп засекогаш го промени односот меѓу „големата тројка“, а најдобро од се покажа последниот потег на Роџер Федерер.

Тие беа големи ривали со години, се почитуваа, но никогаш не го преминаа тој натпреварувачки и фер-плеј однос.

Сепак, сега Федерер реши да направи потег кој навивачите со нетрпение го чекаа цели 12 години.

Имено, швајцарскиот тенисер за прв пат го заследи Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи. Од Лејвер купот, Федерер стана еден од следбениците на Новак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TSH Tennis (@tsh.tennis)

Федерер и Ѓоковиќ сè уште имаат меѓусебни телефонски броеви, што не е изненадувачки бидејќи имаа неколку заеднички групи на Whatsapp.

Дека нивната врска сега влегла во нова фаза потврди и Ѓоковиќ со овој потег, исто како што Рафаел Надал објави фотографија од Ѓоковиќ и дури напиша „Ајде да одиме“ на српски.

Ѓоковиќ за Нова.рс проговори и за нивната врска.

„Никогаш немавме таков пријателски однос, тешко е да се очекува тоа, бидејќи патуваш на турнири, играш против нив, сега да излегуваш на вечери, тоа не се случува. Освен во вакви недели. И покрај тоа што имаше здрава дистанца, мислам дека петочните сцени, фотографии и видеа покажаа колку е емотивно збогувањето на Роџер за сите“.

Пензионирањето со години е табу тема во тимот на Ѓоковиќ, но тој проговори за тоа како реагирал кога читал пораки на социјалните мрежи по збогувањето на Федерер.

„Видов дека некој напиша дека Рафа и јас бевме шокирани не само поради тоа што Роџер и тој го напуштија тенисот, туку и затоа што се ставивме во таа ситуација и во таа позиција – тоа е вистината. Навистина се идентификував со него, сочувствував, бидејќи и Рафа и јас знаеме дека крајот ни е поблиску отколку почетокот“.

Тој откри кој момент особено го трогна за време на големата прослава на пензионирањето на Федерер.

„Она што навистина ме потресе емотивно беше кога ги видов неговите деца како плачат со него, целото негово семејство. Беше уникатно чувство и благодарен сум што бев таму“, заврши Ѓоковиќ за Нова.рс.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ: Сам на себе сум си најголема закана

Уште еден рекорд на Новак Ѓоковиќ

Горан Наумовски

ВИДЕО: Федерер откри против кој тенисер имал најмногу проблеми

Предраг Петровиќ

Не ја препознаа: Драстична промена на Мирка Федерер

Предраг Петровиќ

Пораз на Ѓоковиќ во полуфиналето во Дубаи, Медведев го реши во два сета

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Јелена му запеа на Новак Ѓоковиќ: „Откако се заљубив во тебе“

Ана Ололовска