По средбата во Скопје со премиерот Зоран Заев, еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, на Твитер напиша пофални зборови за покажаното лидерство на Заев во односите со соседите и ставањето настрана на политичките и етничките поделби.
„Добро беше да се сретнеш со премиерот Зоран Заев, тука во Скопје. Земјата сврти страница, отворајќи го патот за нова динамика на реформи за доброто на граѓаните. Пофалби за премиерот Зоран Заев за покажаното лидерство, подадената рака кон соседите и ставањето настрана на политичките и етничките поделби“, напиша Хан на социјалната мрежа „Твитер“.
Good to meet PM @Zoran_Zaev here in #Skopje! Country has turned a page, paving way f. a new dynamics of reforms, f. the sake of citizens 1/2 pic.twitter.com/VqOUjHUyyS
— Johannes Hahn (@JHahnEU) June 26, 2017
Commend PM @Zoran_Zaev for showing leadership in reaching out to neighbours and putting aside political and ethnic divisions! 2/2 pic.twitter.com/1MllnrHkR3
— Johannes Hahn (@JHahnEU) June 26, 2017