Охриѓанката Климентина Наумовска ќе ја претставува Македонија на интернационалниот избор за Мис туризам, кој годинава ќе се одржи во Малезија.
Големото финале на изборот, чија главна цел е промоција на туризмот меѓу земјите учеснички, ќе се случи на преминот од 2012 во 2013 година.
Климентина, македонскиот туризам ќе го претстави преку подароците кои ги понесе со себе, односно сувенирите од Македонија, наменети за децата без родители што е традиција на изборот, како и преку народната носија од охридскиот крај која ќе ја облече за едно од претставувањата.
Климентина е бруцош на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и е членка на агенцијата „Пантер моделс“.