ВМРО-ДПМНЕ: Петти ден како Заев крие што договарал во Софија

Од:

„Петти ден како Заев молчи и крие од граѓаните што договарал во Софија.

Заев во предизборниот период ветуваше јавни дебати за секое позначајно прашање, како граѓаните би кажале што и како мислат, за сега да склучува меѓународни договори од витално значење за државата без за тоа да ги праша граѓаните и да објави што и како договорил.

Заев од Софија кажа дека ќе се бришат делови од учебниците по историја, без притоа да каже кој ќе одлучи што да се брише.

Заев од Софија порача дека завршува времето на национализам и омраза, директно обвинувајќи ја Република Македонија, без притоа да каже кон кого ширела нашата држава национализам и омраза.

Додека Заев не пропушта прилика да удри по сопствената држава, молчи и одобрува националистички изјави на луѓе од регионот. Димитров јавно кажа дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, на што Заев не најде причина да реагира, исто како што не реагираше на изјавата на сопартиецот на Каракачанов дека Македонија и Бугарија немаат заедничка историја, туку иста историја.

Заев молчи на сите напади врз Република Македонија иако како Премиер на државата е должен да ја брани Република Македонија и да работи во нејзин интерес.

ВМРО-ДПМНЕ е за градење на добрососедски односи базирани на взаемно почитување. ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи се што е во насока на подобрување на односите со соседите, но ништо што е во спротивност со интересите на македонскиот народ и држава.

Граѓаните од Заев не очекуваат разградување на националното ткиво, туку од него очекуваат да се зафати со работа и исполнување на ветеното. Граѓаните очекуваат 16.000 денари минимална плата и 30.000 денари просечна плата, нови 500 километри автопат, 550 километри магистрални и регионални патишта, додека лекарите очекуваат 100.000 денари плата, која Заев им ја вети“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС