Средба на Тимоние со деканот на ФЕИТ Ташковски

Од:

Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) Димитар Ташковски денеска имаше средба со францускиот амбасадор во Република Македонија Кристијан Тимоние.

На средбата, на која присуствуваа и продеканите, амбасадорот се запозна со тековните наставни, научни и апликативни активности на Факултетот, но и упати порака дека Франција е отворена за соработка со оваа високонаучна институција.

На средбата деканот ги презентирал новите и иновирани студиски програми на ФЕИТ, кои се акредитирани од учебната 2017/2018-та година, но и меѓународните проекти на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Посебен акцент бил ставен на соработката со француските универзитети и компании од областа на електротехниката и информациските технологии.

На денешната средба се разговарало и за концептот на „Центар за трансфер на технологии и иновации – INNOFEIT“ со кој Факултетот очекува да прерасне во центар за извонредност во областа на ИКТ сервиси за новите мрежни инфраструктури.

Францускиот амбасадор изразил отворена поддршка за сите активности на Факултетот. Ги презентирал можностите кои Француската амбасада во Скопје ги нуди за студентите на ФЕИТ, но, не го изоставил и академскиот кадар.

На средбата се разговарало и за можностите асистентите од ФЕИТ да престојуваат на некој од француските универзитети, а се потенцирало и постоењето на стипендиите кои им стојат на располагање на студентите.

Би можело да ве интересира

Бомгартнер: Патот по кој треба да се чекори е оној кон ЕУ

Амбасадорот Коп: Во земјава нема вистинска политичка волја за промена

А1он

(ВИДЕО) Францускиот амбасадор во Софија: Целта е да се напишат учебници со заедничка историја

A1on

(ВИДЕО) Француската амбасадорка Робин: Компромисот меѓу Македонија и Бугарија ја гарантира иднината

A1on

Студиските програми на ФЕИТ добија акредитација од германска агенција

А1он

Косовскиот амбасадор во земјава не го прифаќа разрешувањето од претседателката Османи

Катерина Ѓуровски