(ВИДЕО) Француската амбасадорка Робин: Компромисот меѓу Македонија и Бугарија ја гарантира иднината

Од:

„Сите заедно, Бугарите, Македонците, како и француското претседателство со Европската унија, работевме заедно за да може Европа да биде посилна, за историските проблеми меѓу Бугарија и Македонија да наидат на поголемо разбирање“, изјави француската амбасадорка во Софија, Флоренс Робин.

„Бевме отворени, ги слушавме и двете земји и мислам дека успеавме и постигнавме компромис кој ќе ја гарантира иднината и пријателството меѓу народите“, нагласи амбасадорката Робин.

Според неа, Европа во моментов мора да биде обединета пред огромните предизвици што ги носат многуте кризи со кои се соочуваме.

„Сега повеќе од кога било европскиот континент треба да биде заедно, сите ние треба да се здружиме за да ги надминеме сите тешкотии и предизвици со кои се соочуваме, затоа повеќе од сè е важно, иако сме различни, да бидеме обединети и да се движиме напред заедно“, повика амбасадорката Флоренс Робин.

Извор: БГНЕС

Би можело да ве интересира

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци

Бугарија повторно на удар на лажни дојави за бомби

А1он

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди

(ВИДЕО) Јотова му се заблагодари на Радев за победата: Без вас немаше да успееме

Катерина Ѓуровски

Бугарските граѓани денес го избираат својот седми претседател

ВИДЕО: Потона бродот кој беше нападнат со три дрона во Црното Море

Катерина Ѓуровски