Бомгартнер: Патот по кој треба да се чекори е оној кон ЕУ

Од:

Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер вечерва на одбележувањето на 30 години од дипломатските односи меѓу Франција и Северна Македонија порача дека патот по кој треба да се чекори е оној кон Европската Унија.

– Патот по кој треба да се чекори е тој кон оваа Унија, каде што Ве чекаме, каде што се надеваме на Вас, каде што Ве посакуваме, рече Бомгартнер на македонски јазик.

Францускиот предлог, како што рече, не е совршен, но е најдобриот можен.

– Како и секој компромис и како и самиот живот, овој предлог не е совршен. Но, тој е најдобриот можен. Оној кој е на маса и кој почитувајќи го македонскиот идентитет, повторно ги отвора европските перспективи на земјата. Во јули минатата година се одржа меѓувладина конференција на која се чекаше 15 години, рече Бомгартнер меѓу другото во своето обраќање на одбележувањето на 30-годишнината од дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Франција.

Би можело да ве интересира

Македонец фатен со 68 килограми кокаин во Франција

А1он

Франција се подготвува за нов хаос: Сè е затворено, распоредени 70.000 полицајци

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Париз: Маж пукаше со автоматска пушка, има мртви и ранети

Француската полиција одлучи: Полицискиот час се продолжува до понеделник

Три безживотни тела пронајдени во куќа во Франција, меѓу жртвите и двегодишно дете

Марин Ле Пен има поддршка од 34 до 38 отсто пред претседателските избори во Франција