Една од атракциите на овогодишниот Меѓународен економски форум во Санкт Петербург, е исложениот робот со кого посетителите на манифестацијата можат да разговараат.
Сите оние кои сакаат да разговараат со роботот, мора прво да му го кажат своето име и презиме и да му дозволат да ги фотографира, по што по извршената безбедносна проверка на идентитетот, „соговорникот“ им пружа рака и почнува разговор.
Основна цел на овие роботи е поттикнување на свесноста за кибер безбедноста.
Еден таков робот веќе почна да го користи руската „Сбербанка“, каде оваа машина на вработените им дава совети за кибер безбедноста, за заштита на важни податоци и за избегнување на хакерски напади.
Роботот ги препознава вработените во банката преку биометриска технологија и им поставува прашања на одредена тема за да го провери нивното знаење.