Дубаи стана првиот град кој има свој Мајкрософт фонт

Од:

Би-Би-Си – Лондон

Незадоволни од тоа да се има само највисоката зграда на светот или најголемиот трговски центар, но Дубаи стана првиот град кој си има и свој фонт.

Дизајнот на фонтот, изработен со Мајкрософт, е изведен и на латиница и на арапско писмо, и ќе биде достапен на 23 јазици.

На владините тела и е наложено да го користат овој фонт во службвената кореспонденција.

Но заради лошата ситуација со човековите права во Дубаи и Обединетите арапски емирати, сите се зачудени од тврдењето дека ова е фонт на „самоизразност“ (слобода на изразувањето).

„Создадете хармонија“

Принцот на Дубаи, Хамдан бин Мохамед ал-Мактум, рече дека самиот бил директно вклучен во „сите фази“ на развојот на фонтот.

– Тоа беше многу важен чекор за нас како дел од нашите континуирани напори да бидеме рангирани први во дигиталниот свет, рече тој. „Уверени сме дека овој нов фонт и неговите уникатни спецификации ќе станат популарни помеѓу другите фонтови кои се користат онлајн и во умните технологии низ светот“.

Владата на Дубаи објасни дека дизајнот на буквите „ја изразува модерноста и е инспирирана од градот“, и дека „бил дизајниран да создаде хармонија помеѓу латинското и арапското писмо“.

Кога самоизразноста не е вообичаено ваш избор

– Самоизразноста е вид на уметничка форма, стои во објаснувањето кое беше објавено со лансирањето на овој фонт. „Преку него вие споделувате и покажувате кој сте, како размислувате и што чувствувате за светот. За тоа, потребен ви е медиум кадарен да ги содржи сите нијанси за се што имате да кажете. Фонтот Дубаи го прави токму тоа. Тоа е најнов глобален медиум за самоизразување“.

Но Обединетите арапски емирати – од кои Дубаи е дел – се критикувани заради ограничувањата на јавниот говор.

Уставот го гарантира правото на слобода на мислење и изразување, но Хјуман рајтс воч велат дека ова „нема ефект врз секојдневниот живот на жителите“, и дека „во земјата бранува од апсења и кршење на човекопвите права и слободи, и се замолчува гласот на критиката“.

Во март, истакнатиот борец за човекови права Ахмед Мансур, беше уапсен, потег за кој Хјуман рајтс воч рекоа дека покажува „комплетна нетолеранција мирниот непокор“.

ВАМ, службената новинска агенција на ОАЕ, објави дека Мансур бил задржан на основа на „сомнеж за користење на социјални медиуми за да објавува „невистинити информации“ и „лажни вести“, со цел „да иницира секташка поделеност и омраза“ и „да нанесе штета на репутацијата на државата“.

Би можело да ве интересира

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Семејството ќе ја оствари последната желба на пејачката која загина во Дубаи

А1он

Хакиран Мајкрософт, тврдат дека нападот потекнува од Русија

А1он

Девојка од Бијелина загина во Дубаи откако падна од 24 кат

ВИДЕО: Во Џеда продолжи изградбата на највисоката кула во светот, ќе биде 1.000 метри

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Авион со 167 патници се запали во воздух

Катерина Ѓуровски