Мајли Сајрус: Пред три недели престанав да користам марихуана

Од:

Американската пејачка Мајли Сајрус објави дека е „целосно чиста“, откако пред три недели престанала да користи марихуана.

Во пресрет на промоцијата на новиот албум, кој ќе биде објавен во текот на оваа година, Сајрус во интервју за списанието „Билборд“ рече дека тоа за неа е најдолг врменски период на апстинација од марихуаната.

Мајли во интервјуто говори и за врската со нејзиниот свршеник Лијам Хемсворт, во кого „морала повторно да се вљуби“ по раскинувањето во 2013 година,

Некогашната ѕвезда на „Дизни“ се осврна и на нејзиниот настап на доделувањето на Ем-Ти-Ви наградите во 2013 година, што предизвика бура од коментари кога оскудно облечена изведе провокативен танц Робин Тајк.

Пејачката изјави дека со овој настап немала намера да привлече внимание и дека била изненадена од реакциите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Како излезе ваква – Трамп брутално ја нападна Мајли Сајрус

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска