Мечка уништила 13 пчелни семејства во Поткожувјето

Од:

Мечка уништила 13 пчелни семејства во Поткожувјето. Сопственикот на пчеларникот Златко Ташев од Кавадарци денеска информираше дека пакоста се случила во неколку наврати од 24 до 30 април годинава. Вели дека неговиот пчеларник кој е на околу осум километри од селото Бохула претрпел голема штета.

Информира дека според доказите најдени на самото место, со сигурност е утврдено дека нападот на пчеларникот е извршен од мечка. Пчелите се оградени со два реда ограда, дрвена и жичана. Ташев имал 69 пчелни семества, пред да му биде нападнат имотот.

– Веднаш до пчеларникот имам легализирана викенд куќа со струја и вода на агрегат. Кога има човек, таа очигледно не напаѓа. Овде престојува татко ми преку ден, но навечер не се решава да остане зашто навистина е опасно. За мене и за семејството сега е опасно да престојуваме овде, нагласува Ташев.

Вели дека има сознанија од жителите на овој крај дека истата мечка има направено штета и во селата Радња и Бошава.

Случајот го пријавил најпрвин во Кавадарци во Подрачната едница на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, па го упатиле во Скопје во Министерството за земјоделство, отсекот за лов. По пријавата таму, на 2 мај дошла комисија. Тие ја утврдиле фактичката состојба и му издале записник.

– Од иституциите велат треба да се тужи државата со приватна тужба, затоа што мечката е трајно заштитен дивеч и само државата може да преземе мерки и да ме обесштети, додава Ташев.

Дрка е излезено на терен и изготвен е записник, а Ташев упатен на судска постапка, потврдија и од Комисијата при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Би можело да ве интересира

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Маж од Кавадарци задобил тешки повреди на работното место

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена

ВИДЕО: Српски Јутјубер се снимил во дувло на мечка, доби повеќе од 100.000 следачи во еден ден

Предраг Петровиќ

42-годишен кавадарчанец ја истепал сопругата, насилникот заработи кривична