ВИДЕО: Спасена млада мечка која била фатена во нелегална замка во Велешко

Од:

Млада кафеава мечка стара околу три години беше спасена откако се фатила во нелегално поставена примка од сајла на локалитетот Чеплес. По интервенцијата на надлежните служби, мечката беше ослободена од примката и успешно вратена во природата.

Од З.Л.Д. „Руен“ – Велес информираа дека акцијата била спроведена во координација со СВР Велес и стручно ветеринарно лице од Зоолошката градина во Скопје.

Мечката, која тежи околу 70 килограми, била успиена за да може безбедно да биде прегледана и ослободена. При прегледот не биле забележани видливи повреди предизвикани од примката.

Од здружението ја истакнаа важноста на соработката меѓу надлежните институции и стручните лица во заштитата на дивите животни и зачувувањето на природното богатство.

Истовремено, упатија апел до совесните ловци и граѓаните да пријавуваат сомнителни случаи на криволов, поставување нелегални примки и други незаконски активности што го загрозуваат дивечот.

„Примките претставуваат сериозна опасност за дивите животни и можат да предизвикаат тешки повреди и страдање. Затоа, навременото пријавување е од особено значење за спречување на ваквите појави и за заштита на дивечот“, посочуваат од здружението.

Оттаму порачуваат дека ловците треба да бидат и чувари и заштитници на природата, а со заедничка одговорност и соработка може да се придонесе за зачувување на дивиот свет за идните генерации.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мечка снимена на паркинг во Ростуше

Откако мечка се појави на булеварот во Дебар: Не трчајте, побрза е од вас

Предраг Петровиќ

Мечка нападна жена во атарот на тетовското село Синичане

Мечка нападна и усмрти маж во Словачка

Левица: Поднесовме кривична против Сашо Дранго, Мицкоски не го разреши

Горан Наумовски

Мечка гонела момче во Македонски Брод, детето не е повредено