Штир: Испраќањето на хрватски војници во балтичките земји не е провокација за Русија

Од:

Планираното распоредување на хрватски војници во рамки на силите на НАТО во балтичкиот регион не е насочено против Русија, туку претставува знак на солидарност со сојузниците од НАТО, изјави хрватскиот министер за надворешни работи Давор Иво Штир во одговор на предупредувањата од Русија дека натрупувањето војници од Алијансата на Исток претставува акт на провокација, јави Хина.

Оваа година НАТО планира да распореди околу илјада војници во сите балтички земји и во Полска, како дополнување на американските контингенти што веќе се распоредени во регионот.

Тие сили ќе вклучуваат до 300 хрватски војници, кои ќе бидат распоредени во Полска до крајот на 2017 година и во Литванија кон почетокот на 2018 година, според предлогот на хрватската Влада, што претстои да биде одобрен од страна на Парламентот.

– Тоа не е насочено против никого, туку претставува знак на солидарност во рамките на НАТО, изјави Штир на заедничката прес-конференција со неговиот литвански колега Линас Линкевичус.

– Во нашите билатерални односи со Русија ние дејствуваме како член на ЕУ и НАТО, но исто така сме отворени и за дијалог, посебно што се однесува на ситуацијата во југоисточна Европа и Босна и Херцеговина, додаде Штир.

Хрватскиот министер за надворешни работи планира посета на Москва подоцна овој месец.

Линкевичус изјави дека од другата страна на границата се распоредени 300.000 војници во западниот дел на Русија, кои се снбдени со најмодерно оружје, што може да носи боеви глави.

– Ние нема да ја ескалираме ситуацијата, но ќе испратиме јасна порака, дека сме тука, истакна тој.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин