Мајкрософт конечно објави какви се податоци Windows 10 собира за нас

Од:

Со Windows 10 Creators Update, Мајкрософт првпат објави информации за тоа што од податоците за корисниците собира по пат на својот оперативен систем.

„Првпат објавивме цела листа на дијагностички податоци” – изјави шефот на Секторот за уреди и Windows системот, Тери Мајерсон.

„Собираме поединечни настани (events), а тие понатаму се организираат во дијагностички полиња. Исто така, работиме детален преглед на податоците кои ги собираме од корисниците, а кои даваат основна и целокупна дијагностика”.

Значи, Мајкрософт нуди целосни податоци за основното собирање на податоците, но се уште не ги објавува деталите од тие кои дозволиле целосна телеметрија.

Мајерсон потенцира дека Мајкрософт е „посветен на транспаретноста и приватноста на корисниците” и тврди дека компанијата и понатаму ги проценува видовите на податоците кои мора да ги собира.

Би можело да ве интересира

Office 2021 – доживотно од 26.25 евра: Keysoff распродажба на Office софтвер!До 62% попуст во Keysoff!

Горан Наумовски

Мајкрософт ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија

Ана Ололовска

Мајкрософт планира да отпушти илјада вработени

А1он

Гугл прекинува со рекламите во Русија, Мајксрофот со услугите и производите

А1он

Мајкрософт купува компанија за игри за речиси 70 милијарди долари

А1он

Мајкрософт го затвори Линкедин во Кина

Катерина Ѓуровски