Продолжуваат јужноамериканските квалификации за СП 2018

Од:

Со натпреварот кој ќе се игра вечерва во Ла Паз, во кој селекцијата на Боливија ќе биде домаќин на Аргентина ќе биде отворено 14.коло во јужноамериканските квалификации за Светското фудбалско првенство што во 2018 година ќе се одржи во Русија.

Средбата меѓу Боливија и Аргентина ќе се игра во терминот од 22 часот, а еден час подоцна ќе започне дуелот Еквадор – Колумбија.

По полноќ на програмата се трите преостанати натпревари од оваа рунда во кои ќе се сретнат: Чиле – Венецуела, Бразил – Парагвај и Перу – Уругвај

На табела лидер е Бразил со 30 бодови, пред Уругвај кој има 23 и Аргентина со 22, а по нив следуваат: Колумбија 21, Еквадор 20, Чиле 20, Парагвај 18, Перу 15, Боливија 7 и Венецуела 6.

Првопласираните четири селекции директно ќе обезбедат настап на Мундијалот, додека петто рангираната ќе игра бараж.

Би можело да ве интересира

Македонските кошаркари поразени на стартот на евроквалификациите во Перм

Жарко Настоски

Македонија ќе организира два квалификациски турнира за ЕП во одбојка, откако Данска се откажа

Жарко Настоски

ИХФ ги одложи ракометните квалификации за Олимписките игри

Aleksandar Petrovski

Квалификации за ЕП 2021 во одбојка: С. Македонија со Данска, Турција и БиХ

Барди отпадна, Младеновски и Стоилов дополнително повикани во македонската репрезентација

А1он

Елмас: Горд сум што сум Македонец

Виктор Јованов