Дени Блинд синоќа е отпуштен од селекторското место на холандската фудбалска репрезентација, еден ден по поразот на „лалињата“ на гостувањето во Софија од Бугарија.
Одлуката доаѓа по состанокот на раководните луѓе на холандскиот сојуз кои одлучија да ја прекинат соработката со селекторот кој изгуби пет од девет натпревари и својата репрезентација ја доведе во незавидна положба пред продолжување на квалификациите за СП 2018.
Холандија сега има шест бодови помалку од водечката Франција и три од второпласираната Шведска.
Селекторската функција во Холандија на утрешниот пријателски дуел со Италија ќе ја извршува досегашниот помошник-селектор Фред Грим.