Заедничка изјава на комесарот Хан и европратениците Кукан, Вајгл и Флекенштајн

Од:

„Денеска се сретнавме со претставници од парламентарните партии. Јасно им повторивме на сите лидери во земјата, вклучително и Претседателот, дека мора да се почитуваат резултатите од последните избори. Во една демократија, сите мора да го почитуваат парламентарното мнозинство.

Поради тоа го охрабруваме Претседателот итно да ја преиспита својата одлука, бидејќи нема време за губење. Очекуваме сите политички лидери и институции да дозволат демократските процеси непрекинато да течат, во интерес на граѓаните на државата. Одложувањето на процесите во изминативе месеци веќе влијае негативно на економијата на земјата.

Повикуваме на брзо формирање на нова влада која што ќе ги имплементира реформите. Од партиите и од новата влада се очекува да продолжат со имплементирање на сите делови од договорот од Пржино.

Особено ги повикуваме сите да се воздржат од акции и изјави кои што би можеле да ги разгорат меѓуетничките тензии и да ги поткопаат добрите меѓусоседски односи. Никој не смее да си игра со оган. Слободата на здружување и слободата на изразување се фундаментални права во демократските општества, но тие доаѓаат и со обврски.

Во таа насока, негативната реторика насочена кон меѓународната заедница и организациите од цивилното општество е контрапродуктивна. Ја поткопува позицијата на земјата на меѓународен план и на лицата кои што се користат со таква реторика.

За крај, во следните неколку дена сакаме да видиме сериозно и одговорно државничко однесување на релевантните институции и да се овозможи брзо формирање на нова и цврста коалиција. Тоа е единствениот начин за враќање на патот кон ЕУ – кој што граѓаните го сакаат и заслужуваат“ се вели во заедничкото соопштение на еврокомесарот Јоханес Хан и европратениците Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл.

Би можело да ве интересира

Бесими-Хан: Направени се суштински реформи во управувањето со јавните финансии во Република Северна Македонија

Хан: Горд сум што придонесов за успехот на Преспанскиот договор

А1он

Хан: Западен Балкан и припаѓа на Европа

Ландов

Хан: Ситуацијата мора да се гледа со голема загриженост поради овластувањата на Орбан

Ана Ололовска

Средби на Димитров со Хан, Дендиас и Бартоло, во фокусот на разговорите нашата европска иднина

Драган Поповски

Хан: Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи

Татјана Ташкова