Мартин Шулц ги осуди евроскептицимот и реториката на Трамп

Од:

Кандидатот за германски канцелар на Социјалдемократска партија на Германија (СПД), Мартин Шулц изјави дека остро ќе се бори против популизмот, доколку неговата партија победи на парламентарните избори во земјата закажани за септември годинава.

На Конвенцијата на СПД во Берлин, на која беше потврдена неговата кандидатура за канцелар на Германија, Шулц ги осуди евроскептицозмот, но и како што рече „антидемократската и расистичка реторика“ на новиот американски претседател Доналд Трамп.

Шулц беше единствен кандидат и на Конвенцијата освои 100 отсто од гласовите на делегатите, што е прв таков случај во политичката историја на поствоена Германија.

Освен за осудата на популизмот, Шулц говореше и за состојбите во германското општество, осудувајќи го зголемувањето на јазот меѓу работниците и богатите Германци.

Шулц го критикуваше и планот на демохристијаните за намалување на даноците и за зголемувањето на трошоците за одбрана и вооружување, за сметка на штедењето кај социјалните фондови.

– Како претседател на Европскиот Парламент, секогаш бев против сите обиди да се попречуваат процесите за европското интегрирање и за унишување на пректот за европското единство, рече Шулц во Берлин.

Социјалдемократската партија е помалиот партнер во германската „голема“ владина коалиција, која управува со земјата од 2013 година.

СПД се надева дека со помош на Шулц како кандидат и угледен европски политичар, партијата има повеќе шанси за изборната пресметка со актулениот канцелар Ангела Меркел и нејзината Христијанско демократка унија (ЦДУ).

Испитувањето на јавното мислење во Германија покажува дека Шулц е речиси изедначен според популарноста со Меркел кај гласачите, но ЦДУ и натаму има предност пред социјалдемократите.

Би можело да ве интересира

Трамп: Многу од заложниците што ги чекаме не се меѓу живите

Трамп: Ники Хејли би можела да биде во мојот тим

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел