Ердоган во дводневна посета на Русија

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска и утре ќе престојува во посета на Русија, каде ќе има средби со неговиот руски колега Владимир Путин, а двајцата лидери заедно ќе учествуваат и на седницата на билатералниот Совет за соработка на високо ниво.

Како што јави ТАСС, се очекува главна тема на разговорите меѓу Путин и Ердоган да биде нормализацијата на билатералните односи, кои драстично се влошија по собирувањето на рускиот авион Су-24 од страна на турските сили над границата меѓу Турција и Сирија во ноември 2015 година. Затоплувањето на односите започна по неуспешниот обид за воен удар во Турција лани во јули.

На разговорите ќе стане збор и за плановите за зголемување на билатерлна трговска размена до 100 милијарди долари годишно, за суспензија на забраната за увоз на некои турски стоки во Русија, што беше воведена по ноември 2015 и се уште е во сила, како и за укинување на визниот режим за граѓаните на Турција при влез на руска тероторија.

Меѓу билатералните темите за кои ќе се раговара се очекува да бидат и проектите за изградба на гасоводот „Турски поток“ и на нуклеарната централа „Аккују“ во јужна Турција, како и плановите на Анкара за набавка на руски противвоздушни системи од типот С-400.

Од меѓународните теми се очекува главно прашање да биде кризата во Сирија и борбата против џихадистичката група Исламска држава и тероризмот.

Извори од турската делегација најавуваат дека Ердоган ќе го покрене и прашањето за односот кон силите на сириските Курди, кои Анкара ги обвинува за поврзаност со Курдската работничка партија (ПКК), а кои се поддржани од западните земји и во Сириската граѓанска војна се еден од ривалите на режимот во Дамаск, чиј главен поддржувач е Москва.

Би можело да ве интересира

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски

Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на нацистичките злосторства во СССР

Ликвидирани се киднаперите од истражниот затвор во Ростов на Дон

Заложничка драма во истражниот затвор во Ростовската област

Горан Наумовски

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

Истражување: 89 отсто од Русите би поддржале криминализација на семејното насилство