Интернационалниот LEGO® фестивал доаѓа и во Македонија

Од:

После Брно, Братислава, Загреб и Софија, официјалниот LEGO® фестивал за прв пат доаѓа и во Македонија.

Преку изложба на 20 големи 3Д официјални LEGO фигури, 8 уникатни LEGO глави од LCP Dirk Denoyelle од Белгија (само 15 во цел свет), работилници и зони за играње, интересни квизови, натпревари и попусти на LEGO производите, ќе ја почувствувате LEGO магијата и светот на LEGO коцките.

Подгответе се за интерактивни, креативни и едукативни содржини и активности за вас и целото ваше семејство. Организацијата на овој настан ја поддржаа Лајка Мобајл, ЕВН и КРШ Тојс.

„Огромна чест и задоволство нѝ е што сме домаќини на настан од ваков тип – интернационален фестивал кој е под франшиза на The LEGO Group. Ова е наша 5-та успешна година и затоа одлучивме да ја започнеме со едно интересно искуство и во знак на благодарност на нашите верни посетители да им понудиме уникатно доживување. Сите ќе можат да уживаат и да го разбудат детето во себе со овие безвременски играчки, а воедно ќе можат да ја изразат креативноста и бујната имагинација преку различни работилници и натпревари.“, вели Дарко Панчевски од Skopje City Mall.

„САМО НАЈДОБРОТО Е ДОВОЛНО ДОБРО” – Токму ова било мотото на основачот на The LEGO Group, Оле Кирк Кристиансен во 1932 година.

Тој верувал дека децата заслужуваат играчки изработени од најквалитетни материјали со совршена изведба. Го смислил името LEGO така што ги комбинирал првите две букви од данскиот израз „LEG GODT” што во превод значи „добра игра” – незнаејќи дека едно од значењата на изразот на латински е „jaс составувам”.

Денес, зборовите на основачот и понатаму се движечка сила на компанијата, а LEGO® производите и понатаму се пренесуваат од една генерација на друга, поттикнувајќи ја креативноста и фантазијата на децата и возрасните ширум светот.

Концептот и развојот на производите главно се одвива во седиштето на The LEGO Group во Данска. Креативните јадра се составени од многу дизајнери од различни националности. Дизајнерите имаат многу сознанија за детските шеми на игра и начинот на кој децата ги развиват интересите. Тие секогаш ги прашуваат децата што мислат за новите идеи за некој потенцијален производ. Само производите за кои децата гарантираат на крајот одат во производство.

Првата LEGO® минифигура се појавила на пазарот во 1978. Оттогаш малиот жолт лик станувал се посилен. За време на сите овие години, повеќе од 5 милијарди фигури се произведени со што е создадена најголемата светска популација. Во 1997та година LEGO фигурите оживуваат. Во компјутерската игра „Паника на LEGO островот“ фигурите го остварија својот прв настап како анимирани ликови. Подоцна со новите Star Wars ликови, фигурите за прв пат се појавуваат во одредени улоги. Оваа персонификација на фигури, подоцна е проширена на LEGO® Harry PotterTM, LEGO® Studios, LEGO кошарка и многу други теми.

LEGO® производите се продаваат во повеќе од 130 земји во светот. LEGO коцките произведени во 2013 година би можеле да ја заобиколат Земјата повеќе од 20 пати. Во текот на долгото постоење на оваа компанија, отворен е забавен парк Legoland® во родниот град на LEGO Group, Билунд. Денес, постојат 7 LEGOLAND паркови низ целиот свет. Создаден е оддел за образование, познат како LEGO образование.

Овој оддел развива и пласира едукативни материјали. Во 1997 се појавува и првата LEGO тематска компјутерска игра.

Во периодот од 04.03 до 26.03 во Skopje City Mall, Скопје ќе искуси едно уникатно доживување и забава, а посетители од сите возрасти ќе имаат можност да учествуваат и да ја изразат својата креативност.

Би можело да ве интересира

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он