„Господине Хан, пред само десет дена во Скопје јавно кажавте дека нема да се мешате, а сега објавувате на твитер дека Претседателот Иванов треба да го даде мандатот на овој или оној… Дали тоа не е мешање?
Кога веќе решивте на Претседателот на Република Македонија, избран од граѓаните, да му кажувате што да прави околу мандатот, добро е и да кажете што мислите за предлогот наместо 67, идната Влада да има поддршка од 100, но без редефинирање на државата, без двојазичност на целата територија, без бинационалност, а со зачувување на унитарноста, името и македонскиот идентитет?
Велевте дека треба поширока поддршка на Владата, еве ја. Ако еднаш го прекршивте ветувањето дека нема да се мешате, повелете и втор пат, одговорете“, напиша на својот Фејсбук профил пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.